Извор на фотографијата: Год. 5, бр./кн. 9-10 (49-50), 1933, стр. 25
Опис: СТОН, Елен Марија („Мис Стон“). (1946, Роксбери, Масачусетс, САД – 1927, Челси, Масачусетс, САД). Американска протестантска мисионерка. На почетокот на 20 век била во мисија помеѓу населението во Македонија, каде што меѓу другото се занимавала со организирање хуманитарна дејност и образование на девојчиња. Во периодот помеѓу 3 септември 1901 и 23 февруари 1902 била киднапирана од комитите на четата на Јане Сандански, со цел барање откуп во пари за револуционерната организација, како и привлекување на вниманието на меѓународните претставници кон состојбите на населението во османлиска Македонија. Случајот воедно претставува прво киднапирање на американски граѓанин во политички цели и предизвикал големо медимуско и новинарско внимание во печатот низ Европа и САД, а во историографијата е познат како „аферата Мис Стон“. При киднапирањето, како придружничка била земена и Катерина Цилка, за која подоцна комитите и организатори на откупот дознале дека е во напредна бременост и која се породила во заложништво. Се претпоставува дека жените биле криени во околината на селото Ратево (Беровско). Акцијата на комитите била успешна и жените биле откупени за околу 14.000 златни турски лири. По враќањето во САД, Мис Стон давала бројни медиумски изјави и интервјуа во кои детално опишувала денкои аспекти од „животот во заложништво на комитите“ и за разлика од очекувањата на јавноста, комитите ги претставила како луѓе кои се борат за национално ослободување, а не како егзотични дивјаци и терористи.
Види повеќе во Илустрација Илинден: Пленяването на Мисъ Ел. Стонъ и г-жа Катерина Стефанова Цилка / Л. Томовъ. // Год. 5, бр./кн. 9-10 (49-50), (1933), стр. 25–30.