
„Истражување за клучниот извор на еманципација на жените по Втората светска војна за списанието „Македонка“ кое се надоврзува на истражувањата во 70- те години на историчарката Вера Весковиќ Вангели и Марија Јовановиќ го сочинува новиот зборник „Архиви на невидливите: Македонка – орган на АФЖ (1944-1952), историски искуства и културна меморија“. Зборникот беше презентиран во петокот (28.10) во Музеј на Македонија, а во него се содржани најновите наоди на заедничкото истражување на Ивана Хаџиевска и Јана Коцевска за списанието „Македонка“, за историјата на жените и нивната (не)видливост во националната нарација за минатото. Станува збор за публикација што била официјален орган на Антифашистичкиот фронт на жените во Македонија.“ (Новинарка: Марта Стевковска)

***
„(…) Станува збор за публикација што била официјален орган на Антифашистичкиот фронт на жените во Македонија.
ЕДЕН ПЕРИОД КОЈ НИЗ СПИСАНИЕТО НИ ПРИКАЖУВА НА КОЈ НАЧИН ЖЕНИТЕ УЧЕСТВУВАЛЕ ВО ГРАДЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА И ТОА НЕ САМО ОД ПОЛИТИЧКИ АСПЕКТ, ИЗГРАДБА НА ИНСТИТУЦИИТЕ НА ДРЖАВАТА, ТУКУ И ВО ОДНОС НА ОБРАЗОВАНИЕТО, НА ЕМАНЦИПАЦИЈАТА, НА СЕ ОНА ШТО МОЖЕБИ ДЕНЕС Е ЗАБОРАВЕНО, НО Е МНОГУ ВАЖНО ЗА МОМЕНТАЛНАТА ПОЛОЖБА НА ЖЕНИТЕ ВО ОПШТЕСТВОТО, ИЗЈАВИ КОАВТОРКАТА НА ЗБОРНИКОТ, ИВАНА ХАЏИЕВСКА.
Во рамки на промотивниот настан беше отворена и изложбата на уметницата Христина Иваноска, со наслов „Документот кој недостига“, што е дел од програмата на „Прво па женско 10“. (…)“ (Новинарка: Нина Стефанова)
Изјава за ТВ Телма:
***
„Настанот го организира Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК), во партнерство со Музејот на Република Северна Македонија и Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“.
„Зборникот тематски и критички пристапува на историјата на списанието ‘Македонка’, а го изготви тим од пет истражувач(к)и, и тоа Ивана Хаџиевска (политичка историја), Јана Коцевска (социјални аспекти), Дарко Леитнер-Стојанов (образовни процеси), Мања Величковска (книжевни аспекти) и Христина Иваноска (уметничко истражување). Во зборникот се застапени релевантни излагања на регионални истражувачки, низ предговорот на д-р Ивана Пантелиќ (Институт за современа историја на Србија, Белград) и поговорот на д-р Јелена Милинковиќ (Институт за литература и уметност, Белград)“, велат од ЦИНИК.“

***
УМНО:МК: Изложба, промоција и тркалезна маса инспирирани од „Македонка – Орган на АФЖ“
„На тркалезната маса, покрај Хаџиевска, Коцевска, Леитнер-Стојанов и Иваноска ќе учествуваат и д-р Јелена Милинковиќ, поранешна претседателка на Сојузот на борци, д-р Билјана Котевска, експертка за родова еднаквост и јавни политики и д-р Душица Лазова, соуредничка на Медуза.мк прва македонска дигитална феминистичка платформа. Дебатата ќе ја модерира Ана Василева.
Настанот го организира Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК), во партнерство со Музејот на Македонија и Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ во организација на „Тиииит! Инк“.“

***
НОВА МАКЕДОНИЈА: Изложба „Документот што недостига“ и тркалезна маса
Промотивен настан со фокус на сеопфатно истражување на првото македонско женскосписание „Македонка – Орган на АФЖ“ ќе се одржи денеска, со почеток во 12 часот, воМузејот на Македонија. Настанот го организира Центарот за истражување нанационализмот и културата (ЦИНИК), во партнерство со Музејот на Македонија ифестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“, а соединува двеглавни содржини: изложба на уметницата Христина Иваноска, насловена „Документотшто недостига“, и тркалезна маса „Перспективи на истражувањето на првотомакедонско женско списание ‘Македонка – Орган на АФЖ’: индивидуална,институционална и јавна димензија“.

***
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: Проектот „Архиви на невидливите“ ја шири културната меморија
„Според изјавите на сите инволвирани, овој проект посветен на списанието „Македонка“ е од исклучителна важност во проучување на периодиката од Југословенскиот простор и оваа збирка нуди потенцијал за понатамошни истражувања од повеќе дисциплини. Вклучените во проектот ќе работат понатаму во насока на дигитализација на списанието со цел доближување на содржините од оваа периодика до јавноста. Преку својата изложба Христина Иваноска се задржува на првиот број на „Македонка“ кој се појавува за прв пат во извонредно тешки услови на 7 ноември 1944 г. Фокусирајќи се на својата методологија на работа, Иваноска издвојува трисуштински поими на перформативното: текст, глас и тело, околу кои се конципираше поставката на изложбата. „Документот што недостига“ е долгогодишен истражувачки, концептуален и ликовен проект на Иваноска започнат во 2014 година, а кој се однесува на формите, наративите и естетиката на политичкото дејствување на жените во Македонија во првата половина на 20 век и нивното поврзување со денешните форми на отпор.“ (Новинар: Т. Д.)

Фотографии: Соња Ставрова