На 28 октомври 2022 година, во просториите на Музејот на Република Северна Македонија во Скопје, се одржа финалниот промотивен настан на истражувачкиот и мултидисциплинарен проект „Архиви на невидливите“. Настанот опфати:
промоција на зборникот трудови „Архиви на невидливите: Македонка – Орган на АФЖ (1944-1952), историски искуства и културна меморија“;
тркалезна маса, насловена: Перспективи на истражувањето на првото македонско женско списание „Македонка – Орган на АФЖ“: индивидуална, институционална и јавна димензија;
изложба: Центарот за истражување на национализмот и културата – ЦИНИК – Скопје, во соработка со Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ го организираа мултидисциплинарниот настан кој вклучуваше отворање на самостојна изложба на уметницата Христина Иваноска со наслов „Документот што недостига: За методологијата (текст, глас и тело)“.
Фотографии: Соња Ставрова
































































