На 20 мај, во социјално-културниот центар Šesnaestica во Загреб, беше претставена книгата „Македонка – Орган на АФЖ (1944-1952): историски искуства и културна меморија“. Разговорот за книгата, со уредничките Јана Коцевска и Ивана Хаџиевска, беше дел од програмата на 17. издание на интернационалниот фестивал за феминистичка култура VoxFeminae festival (2023). Разговорот со уредничките го водеше Tihana Bertrek.








Ова е прво претставување на резултатите од истражувањето надвор од домашните граници, со што претставува важен момент за споделување на знаењата и искуствата од прокетот „Архиви на невидливите“ на регионалната мапа на истражувања за историјата на женската историја во регионот.
Интерес за настанот покажаа и регионалните медиуми, а особено беше проследен во неделникот Novosti.
