На покана на ФорумЗФД – Скопје (Forum Civil Peace Service – North Macedonia), Јана Коцевска и Христина Иваноска беа дел од поткастот “Dealing with the Past: Gender Perspectives“. Разговорот беше модериран од Сара Миленковска. Во оваа епизода на DwP поткастот, говорничките дискутираа на теми поврзани со родовите аспекти на политиките на сеќавање во македонското општество, како и положбата на женската историја во современиот момент и нејзините значења во социо-политичкиот дискурс на современоста. Проектот „Архиви на невидливте“, чии соработнички се гостинките во поткастот, го привлече вниманието на пошироката публика и ги отвори прашањата за важноста на спроведувањето истражувања на извори од женската историја, потенцијалите на нивната дигитална достапност и нивната положба во научните институции, јавната историја и културата.
Јана Коцевска е ко-авторка на проектот „Архиви на невидливите“; Христина Иваноска е уметница и авторка на уметничкото истражување во рамки работата на публикацијата „Архиви на невидливите: Македонка – Орган на АФЖ (1944-1952): историски искуства и културна меморија“.